Дома Фудбал Халанд подготвува спектакуларен трансфер? Мундо Депортиво: Може да ги шокира сите

Халанд подготвува спектакуларен трансфер? Мундо Депортиво: Може да ги шокира сите

Килијан Мбапе (25) на лето би требало да го напушти ПСЖ и да стане играч на Реал. Според информациите на инсајдерот Фабрицио Романо, францускиот напаѓач ќе заработува околу 20 милиони евра по сезона. Исто толку имаат и актуелните најголеми ѕвезди на Реал Џуд Белингем и Винисиус Жуниор.

Веќе неколку сезони Реал се води како главен и единствен реален кандидат за доведување на Мбапе од ПСЖ, а навивачите на Барселона чекаат да видат како нивниот клуб ќе одговори на ваков мега трансфер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ тврди дека дознал за план со кој спортскиот директор Деко планира да му се закани на Реал.

Имено, каталонските медиуми тврдат дека Деко и Рафаела Пимиента, моќната менаџерка која ја наследи работата од Мино Раиола, се сретнале во Барселона за да разговараат за можното доаѓање на Халанд во шпанскиот клуб.

Според Мундо Депортиво, Халанд моментално е фокусиран само на Манчестер Сити, но идејата за Барселона не е одбивна за во иднина.

„Норвежанецот би можел да ги шокира сите со одлука на лето“, велат Шпанците, кои тврдат дека Халанд самиот би можел да предизвика заминување од Сити.

Барселона го сака Халанд како замена за Роберт Левандовски, од кого сака да се ослободи бидејќи ќе наполни 37 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се огласи Клоп: Се радувам за клубот ако Слот е решението

Од моментот кога Јирген Клоп со видео порака го шокираше фудбалскиот свет, а осо…