Дома Фудбал Останато Халанд објасни што му е важно кога одлучува каде ќе игра

Халанд објасни што му е важно кога одлучува каде ќе игра

Ерлинг Халанд иако има само 19 години зад себе веќе промени четири клубови.

Тој започна во Бруне, клубот од неговото детство, но за брзо време се пресели во Молде, а од таму во Ред Бул Салзбург. Во овој клуб се промовираше на големата европска сцена во Лигата на шампионите. Со фантастичните настапи го привлече вниманието на големите клубови, а тој ја избра Борусија Дортмунд.

Халанд сега објасни како ги избира клубовите.

„Пред да изберете некој клуб, прво треба да проценети колку вие сте добар, па потоа какви луѓе се веќе таму, колку тие луѓе можат да ви помогнат…Има повеќе фактори, се сеќавам кога разговаравме за Салзург брзо одлучивме затоа што тоа беше најдобрата опција. Знам дека никогаш не треба да се преценети, тоа е можеби и најважното“, објасни Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спенс го направи своето деби за Интер во пријателска победа над Лумецијане

Џед Спенс го одигра својот прв натпревар за Интер во победата од 2-0 против Лумецијане. …