Дома Фудбал Останато „Халанд игра на позајмица во Сити од Реал Мадрид“

„Халанд игра на позајмица во Сити од Реал Мадрид“

Во Мадрид до пред шест месеци на големо се пишуваше за големиот план на Флорентино Перез кој посакуваше тандем Килијан Мбапе – Ерлинг Халанд.

Меѓутоа на крајот Мбапе се одлучи да го продолжи договорот со ПСЖ, додека Халанд го избра Манчестер Сити за нова станица во кариерата после Борусија Дортмунд. Сепак во Мадрид се убедени дека Норвежанецот ќе дојде во Реал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новинарот на „Марка“ Делфин Мелеро вчера вечер смело изјави:

„Халанд во овој момент игра за Манчестер Сити, но тој таму е на позајмица од Реал Мадрид“, порача Мелер.

Ова не е првпат вакво нешто да дојде од мадритските медиуми, но е првпат откако таткото на Халанд откри како биле подредени опциите за продолжување на кариерата на Халанд ова лето.

„Манчестер Сити беше наша прва опција, втора Баерн, трета ПСЖ, а Реал Мадрид беше дури четврта“, изјави Алфи Халанд.

Главната причина поради што таткото на Халанд го рангираше Реал Мадрид како четврти е Карим Бензема кој игра во одлична форма, а тој и неговиот син избираа клуб каде што Халанд ќе биде прв напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…