Дома Фудбал Хадсон-Одои го победи Ковид-19: Се чувствувам одлично!

Хадсон-Одои го победи Ковид-19: Се чувствувам одлично!

Младиот играч на Челси, Калум Хадсон-Одои се опорави од коронавирусот.

Овој фудбалер минатиот месец беше заразен со вирусот Ковид-19, се опорави пред неколку дена, а сега потврди и тренерот Френк Лампард.

Денеска се огласи и самиот фудбалер кој порачува дека се чувстува добро.

„Се чувствувам одлично, имав вирус, но повеќе не. Сосема сум добро.“ – порача младиот фудбалер и додаде:

„Сѐ се случи брзо. Не можев ни да замислам дека овој вирус ќе зарази толку луѓе ширум светот. Сите мора да внимаваат, се надевам дека наскоро се ќе се врати во нормала.“

Премиер лгиата е прекината пред три недели и за сега не е познато кога ќе биде продолжена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…