Дома Останати Фјури најави пензионирање: Уште две борби и тоа е тоа

Фјури најави пензионирање: Уште две борби и тоа е тоа

Наредната борба Тајсон Фјури ќе ја има на 18. јули и противник повторно ќе му биде Вајлдер. По таа борба Фјури ќе одработи уште една борба против ако победи веројатно против Џошуа и ќе замине во пензија.

Тајсон Фјури неодамна го нокаутираше Американецот, Вајлдер во Лас Вегас и дојде до светскиот трон каде што беше и во 2015 година кога го сруши Владимир Кличко.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фјури потврди дека до пензионирањето има уште две борби.

„Ќе имам уште две борби и тоа е тоа. Тогаш ќе размислуваме што понатаму. Непоразен сум во 31 борба, 12 години сум професионалец“, изјави Фјури.

Џошуа на 20. јуни ќе се бори против Пулев и се очекува да го добие тој меч, а потоа ќе го чека победникот од мечот Вајлдер – Фјури.

„Тој е опасен може да ве реши со еден удар, но го победив во првиот меч кој на крајот со одлука на судиите заврши нерешено. Го добив и неодамна, ќе го победам и по трет пат“, убеден е Фјури.

Фјури очеукува за соединување на титулите да се бори со Џошуа кон крајот на 2019 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Во терористичкиот напад во Москва била убиена и репрезентативка на Русија

На 22 март во Москва се случи терористички напад во кој според досега собраните информации…