Денес донесена е одлука во наредните 30 денови спортските настани да се играат без публика, ова значи дека без публика ќе треба да се одигра и историскиот натпревар помеѓу Македонија и Косово на 26. март.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ова не е добра вест поради огромната важност на натпреварот, меѓутоа треба да се разбере дека здравјето е на прво место и присуство на 40.000 луѓе може да доведе до поголем проблем.
По оваа одлука се огласи портпаролот на ФФМ, Златко Андовски кој најави дека ќе се обидат да го одложат натпреварот.
„Владата донесе забрана, не препорака и тука нема што да се разговара. На сите кои купиле билет парите ќе им бидат вратени. Во текот на денот ќе испратиме и барање до УЕФА натпреварот да биде одложен затоа што ние имаме тројца репрезентативци кои играат во Серија А. Освен тоа и Косово има играчи кои играат во Италија“, изјави Андовски.