Дома Македонски спорт ФФМ се огласи за денешната трагедија во комплексот на „Куќата на Фудбалот“

ФФМ се огласи за денешната трагедија во комплексот на „Куќата на Фудбалот“

Денес се случи еден трагичен начин во кој животот го загуби работник кој работел пред ФФМ.

Трагичниот настан се случил денес околу 16 часот кога паднал кранот на кој стоел работникот кој бил задолжен за одржување на хигиената на прозорците во просториите на ФФМ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Денес, тежок несреќен случај ја потресе целата македонска јавност. Пред Куќата на фудбалот трагично згасна човечки живот!. Би сакале да изразиме благодарност до сите служби на итна помош кои во рекордно време пристигнаа на местото на немилиот настан, но за жал сепак предоцна за било каква интервенција. Благодарност и до вработените во стручната служба на ФФМ кои до доцните часови беа на располагање и даваа поддршка со сите расположливи средства. Фудбалската Федерација на Македонија и целото фудбалско семејство изразуваат длабоко сочуство до семејството и пријателите на работникот кој го загуби животот. Слава му!“, стои во соопштението кое вечерва беше објавено на социјалните мрежи на фудбалската федерација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …