Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ потврди: Работнички бил оштетен со Шкупи за чист гол!

ФФМ потврди: Работнички бил оштетен со Шкупи за чист гол!

Во својата редовна сидиска анализа ФФМ потврди дека Работнички бил оштетен за регуларен гол во натпреварот против Шкупи кој се одигра викендов.

На натпреварот  Фк.Работнички-Фк.Шкупи одигран на 11.12.2022 година, анализирана е ситуацијата од  17 минута.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


“Главен судија: Стојанче Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски  и Душко Панов.

17 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТПОМОШЕН СУДИЈА ( Досудено офсајд позиција- не е признаен регуларен гол)

Од удар од агол е центрирана топка во 16-сетникот на гостите, играч од нападот на домакините додава топка до свој соиграч кој во моментот на додавањето е поназад од предпоследниот играч од одбраната на гостите и и постигнува гол.

Погрешна одлука на првиот помошен судија што го поништи голот поради офсајд позиција, бидејки при момент на додавање на топката од соиграчот, играчот на домакините се наоѓаше во дозволена позиција.

Првиот помошен судија во оваа ситуација беше лошо поставен, односно остана на корнер знамецето, а не беше во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите и затоа немаше добра прегледност.

Комплетната анализа за ПМФЛ и ВМФЛ можете да ја погледнете на сајтот на ФФМ – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…