Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ: Натпреварот Македонија – Косово засега не е загрозен

ФФМ: Натпреварот Македонија – Косово засега не е загрозен

Засега натпреварот помеѓу Македонија и Косово не е загрозен.

Поради епидемијата од коронавирусот сите фудбалски натпревари кај нас до 13. март ќе се играат без публика. Бидејќи блиску потоа на 26 март не очекува бараж натпреварот со Косово постои можност и тој натпревар да се игра без публика.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Засега промени нема, портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски потврди дека ситуацијата се следи и дека тие ќе ги почитуваат препораките на Владата.

„И на конгресот во Амстердам се разговараше на оваа тема. Ние како федерација ќе ги почитуваме препораките на Владата, па така натпреварите до 13. март сигурно ќе се играат без публика. Натпреварот со Косово во овој момент не е загрозен. Но, ситуацијата не е наивна сите сме свесни за тоа.. Ако има промена ќе ја известиме УЕФА и во консултација ќе пронајдеме решение“, изјави портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…