Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ донесе одлука за „случајот Христовски“

ФФМ донесе одлука за „случајот Христовски“

Комисијата за натпреварувања на ФФМ донесе одлука по случајот „спорна регистрација на фудбалер на ФК Гостивар“.

ФФМ одлучуваше дали фудбалерот Гордијан Христовски имал право да настапи за Гостивар во воведното коло од пролетниот дел од сезоната во Втората лига на кој актуелниот лидер триумфираше над Пехчево со 1-0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Откако го доби и разгледа дописот од ФК Гостивар (одговор на жалба) и писмениот допис за случајот од Комисијата за верификација, членовите на Комисијата за натпревари едногласно (со иземање на еден член од комисијата поради судир на интереси) ги донесоа следните одлуки за случајот со регистрацијата на фудбалерот на ФК Гостивар: – Комисијата за натпревари, натпреварот ФК Гостивар – ФК Пехчево го регистрираше со постигнатиот резултат. Регистрацијата на фудбалерот Гордијан Христовски за ФК Гостивар објавена во Макфудбал број 3 на 25. јануари 2023, ниту еден клуб не ја обжалил во предвидениот рок од осум дена, поради што на натпреварот ФК Гостивар – ФК Пехчево немало натпреварувачки последици за настапот на фудбалерот. Комисијата за натпревари донесе одлука, ФК Гостивар и фудбалерот Гордијан Христовски поради прекршување на член 10 од правилникот за регистрација да се предадат на дисциплинска комисија“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…