Дома Македонски спорт ФФМ: Беше импресивно да се види како и на дожд 20.000 луѓе ја бодат Македонија

ФФМ: Беше импресивно да се види како и на дожд 20.000 луѓе ја бодат Македонија

Македонската фудбалска репрезентација вчера го одигра последниот натпревар во Лигата на Нации за оваа сезона, но за жал бевме поразени со 0:1.

Натпреварот против Бугарија предизвика голем интерес кај македонската публика, па така на Националната Арена присуствуваа над 20.000 навивачи. Денес Фудбалската федерација на Македонија испрати порака до навивачите:


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Драги наши навивачи,

Од срце упатуваме голема благодарност до сите вас кои дојдовте од сите краеви на Македонија да им дадете поддршка на македонските репрезентативци на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот против Бугарија.

Беше навистина импресивно да се види како и на дожд, повеќе од 20 илјади луѓе, безусловно ја сакаат и бодрат Македонија.

Од првата до последната минута.

На сите ни е жал што репрезентацијата и покрај големиот напор не успеа на крајот да оствари позитивен резултат, но длабоко сме убедени дека ќе бидеме на највисоко ниво на следните натпревари и одново ќе имаме причина за славје пред полни трибини на Националната арена.

До следниот натпревар, #НапредМакедонија“, стои во пораката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…