Дома Фудбал Останато Футсал: Македонија на чекор од финалните мундијалски квалификации!

Футсал: Македонија на чекор од финалните мундијалски квалификации!

Македонската футсал репрезентација вчера забележа важна победа против Шведска во претквалификациите за Светското првенство 2024. Во Скопје Швеѓаните беа победени со 3:1.

Македонија со триумфот остана на второто место кое води во финалните квалификации, меѓутоа за да останеме таму, Италија во последниот натпревар од групата на 9-ти март ќе мора да ја победи Шведска. Италијанците веќе го имаат обезбедено својот пласман во следната фаза.

Првото полувреме не донесе погодоци, а многу брзо во вториот дел со головите на Ранготов во 21-ва и 26-та минута поведоме со 2:0.

Се врати Шведска во игра со голот на Диаз во 30-тата минута. Сепак, нашите футсалци не дозволи изненадување и конечните 3:1 ги постави Леовски пред крајот на средбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

И последниот човек на Морати го напушти Интер, не е до 100.000 евра – до принципот е!

Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, ќе замине од клубот на крајот на сезоната, би…