Најголемата португалска футсал ѕвезда Рикардињо јавно зборуваше за незадоволството од неговиот тим Интер Мовистар додека сезоната е прекината поради коронавирусот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Рикардињо зборуваше дека не знае каков му е статусот во шпанскиот клуб.
„Од кога започна оваа ситуација со коронавирусот од клубот добив само 3.000 евра место 50.000 колку што треба според договорот. Не знам ни да ви кажам дали уште сум играч на Интер“, изјави Рикардињо за медиумите.
Португалскиот ас е разочаран и дефинитивно не очекувал на ваков начин да се раздели од клубот во кој игра од сезоната 2013/2014. Ова лето тој ќе се пресели во шампионот на Франција, Париз.