Фулам се врати во Премиер лигата, а српскиот напаѓач Александар Митровиќ е на чекор од историја.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тимот на Марко Силва вчера го победи Престон со резултат 3:0 и така го официјализираше своето враќање во елитата, Фулам на табелата има 86 бодови, девет повеќе од второпласираниот Борнмоут.




Сите дилеми околу победникот против Престон Фулам ги реши во првото полувреме. Митровиќ го отвори резултатот во деветтата минута, Карваљо во 34 минута зголеми на 2:0, а со својот втор гол пред крајот на првите 45 минути Митровиќ ги постави конечните 3:0.




Со овие два гола Митровиќ стигна до 40 голови во Чемпионшип и до крајот има добра прилика да го стигна Гаја Витингем кој во сезоната 1992/1993 постигна 42 гола за Портсмут. До крајот Фулам има четири натпревари против Борнмоут, Нотингем Форест, Лутон и Шефилд.