Дома Фудбал Останато Фудбалски агент: Во ПСЖ фудбалерите се затвореници

Фудбалски агент: Во ПСЖ фудбалерите се затвореници

Поранешниот агент на Марко Верати, Донато ди Кампли тврди дека Пари Сен-Жермен честопати користат уцени за да спречат трансфер на нивните играчи.

Тој истакна дека фудбалерите во ПСЖ се како „затвореници“ и дека Верати под притисок на клубот го променил агентот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Во Париз фудбалерите се затвореници, ниогаш не го прават тоа што го сакаат туку ја следат волјата на клубот. Тоа е затвор и постојат уцени. Односот на ПСЖ секогаш вклучува уцени. Кога решивме да одиме во Барселона, емирот се налути. Ал-Келаифи дури ми кажа директно дека ако продолжам да се обидувам да го направам тој трансфер, Верати ќе ме отпушти. И на крајот така заврши“.

„Сигурен сум дека Марко беше исплашен, иако нема да го признае тоа. Моето искуство со тие луѓе е многу, многу лошо. Се грижат само за парите, тоа е клуб без душа. Ал-Келаифи мисли дека може да купи секого и дека така ќе го освојат светот. Но, веќе се виде дека тоа не е возможно“, вели Де Кампли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…