На фудбалските агенти ширум светот во 2019 година им било исплатено повќее од милијарда фунти.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Оваа година за прв пат се случува заработката на фудбалските агенти да надмине 500 милиони фунти. Интересно е што англиските клубови во годината кога менаџерите остварија рекордна заработка исплатиле за третина помала провизија во однос на годините претходно.
Податоците од Меѓународната фудбалска федерација и Меѓународниот трансфер систем покажуваат дека во 2019 година потрошени биле 653.9 милиони американски долари како провизија на агентите. Тоа е зголемување за дури 19.3% во однос на 2018 година.
Во текот на 2019 година биле направени повеќе од 17.000 трансфери, а дури 3.557 вклучувале барем еден посредник.
Клубовите од Англија, Франција, Германија, Италија, Португалија и Шпанија платиле повеќе од 80% од споменатата сума.
Англиските клубови за работата на агентите во 2019 година издвоиле 103.6 милиони долари, 33% отколку во годината претходно.