КРИСТИЈАН КЛАРИЌ, младиот (17) голман на Рудар од Каменград, почина од струен удар.
„Неофицијално тој починал од струен удар, но подетални информации ќе се знаат откако полицијата ќе спроведе истрага на местото на трагедијата“, објави локалната телевизија Сана од Сански Мост.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од младиот фудбалер се простија и ривалите од клубот Подгрмеч Сански Мост: „Нашите мисли се со семејството на Кристијан и екипата на НК Рудар Каменград. Со голема тага ве известуваме дека младиот голман на Рудар од Каменград, Кристијан Клариќ , се пресели во подобар свет. Кристијан беше примерно момче и омилена личност во општеството.