Кршењето на дисциплината обично клубовите го казнуваат со кратење од платите на своите фудбалери, но Шалке отиде чекор понатаму.
Мароканскиот репрезентативец Хамза Мендил е префрлен во Б тимот на Шалке откако не отишол на стоматолог на закажаниот преглед, пренесуваат германските медиуми.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Клубот од Гелзенкирхен го казни мароканскиот репрезентативец кој минатата сезона пристигна од Лил како големо засилување затоа што истиот не се појавил на закажан преглед кај стоматолог.
Мендил не известил никого за тоа дека ќе го прескокне прегледот, а тоа толку ги налутило челниците на Шалке што веднаш го префрлиле во вториот тим.
Од Шалке порачаа дека ваквото однесување е неприфатливо и поради тоа е казнет да тренира со резервите.
Овој 21-годишен лев бек оваа сезона во сите натпреварувања запиша вкупно 16 настапи.