Дома Фудбал Останато Фудбалер на Ливерпул призна дека не го гледа Светското првенство

Фудбалер на Ливерпул призна дека не го гледа Светското првенство

Фудбалерот на Ливерпул, Енди Робертсон призна дека не го гледа Светското првенство во Катар.

Новинарите го запрашаа за тоа како гледа на овој Мундијал и кои се негови фаворити.

„Искрено, гледав многу малку. Неколку недели не следев што се случува во фудбал. Бев на другата страна на светот каде што натпреварите се играат во ноќните часови. Видов дека Нуњез го заврши учеството со Уругвај, жал ми е. На останатите добро им оди“, изјави Робертсон.

Репрезентативецот на Шкотска смета дека неговата репрезентација требало да биде на најголемата светска фудбалска изложба.

„Што се однесува до Шкотска, сите мислиме дека требаше да бидеме таму“, изјави тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тотенхем подготвува 130 милиони евра за Алварез од Атлетико

Тотенхем е подготвен да понуди 130 милиони евра за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Џулијан А…