Дома Фудбал Останато Фудбалер задоцнил на тренинг, па тврди: Ме киднапираа вонземјани

Фудбалер задоцнил на тренинг, па тврди: Ме киднапираа вонземјани

Поранешниот фудбалер на Бока јуниорс, Гиљермо Марино овие денови е во центар на внимание поради неговата „луда“ приказна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гиљермо Марино, кој во својата кариера има настапувано за Њуелс, Бока, Тигрес, Универсидад де Чиле и Атлетико де Рафаела, тврди имал средба со вонземјани кога играл во Чиле.

Приказна ја раскажа неговиот поранешен соиграч Густаво Лоренцети, кој додава дека Гиљермо Марино бил сериозен човек, па му верувал на зборовите.

„Задоцни на тренинг и кога го прашавме зошто, рече дека бил киднапиран од вонземјани. Објасни што почувствувал и што се случувало, како му ја земале душата и ја анализирале. Му поверував бидејќи е сериозен човек. Има луѓе кои ги нема по два дена и кажуваат дека биле киднапирани од вонземјани, но Гиљерме не е таков, тој е многу коректен. Сите го знаат. Треба да го има на Дискавери или некој сличен канал“, вели Лоренцети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Марко Алчевски се врати во Македонија!

Фудбалскиот клуб Тиквеш денеска го претстави своето ново засилување за претстојната сезона…