Дома Фудбал Англија Фудбалерот на Тотенхем ја шокираше јавноста: Едвај чекам да ја завршам кариерата

Фудбалерот на Тотенхем ја шокираше јавноста: Едвај чекам да ја завршам кариерата

Левиот бек на Тотенхем, Дени Роуз ја изненади јавноста на Островот со својата последна изјава за медиумите.

Во последно време сведоци сме на бројни расистички навреди на фудбалерите. Последен беше случајот во Серија А со Моис Кин. На „Чизмата“ за разлика од Островот расизмот е поголем проблем, во Англија поретко се појавуваат, но проблеми сепак има.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ваквите случувања толку многу го згрозиле Дени Роуз што дури порача дека едвај чека да стави крај на фудбалската кариера.

Роуз беше искрен пред медиумите и зборуваше директно…

„Доста ми е од се ова што се случува. Самиот на себе си кажувам: Имам уште пет или шест години и едвај чекам да му го светам грбот на фудбалот. Кога гледам што се случува денес…Само сакам да се извлечам од сето ова“.

„Тоа е она што го чуствувам. Чуствувам дека имаме четири, пет или шест години и за тоа време сакам да уживам во фудбалот колку што е можно повеќе. Постојат многу политики во фудбалот и се останато. Искрен сум и ќе повторам – едвај чекам да го свртам грбот и да си заминам“, изјави Роуз.

Англискиот фудбалер важи за еден од најдобрите леви бекови во Премиер лигата, а во текот на оваа сезона одигра вкупно 27 натпревари и запиша пет асистенции. За репрезентацијата на Англија настапи на 26 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пресврт: Модриќ става потпис на нов договор

Иако се очекуваше ова да биде последната сезона на Лука Модриќ во дресот на Реал Мадрид, с…