Дома Фудбал Фудбалерот на Барса се забавувал, па не сакал да ја плати сметката – интервенирала полицијата!

Фудбалерот на Барса се забавувал, па не сакал да ја плати сметката – интервенирала полицијата!

hadadi

Настанал голем проблем кога требало да се плати сметката…

Како што пренесуваат шпанските медиуми напаѓачот на Барселона, Мунир Ел Хадади се нашол во многу непријатна ситуација во саботата навечер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, тој го прославувал својот роденден во познатиот ноќен клуб во Мадрид „Тифанис“, на неговата прослава присуствувале околу 40 гости, а по завршувањето на забавата пристигнала сметката.

Сумата која требало да ја плати Мунир за изнесувала 16.000 евра. Фудбалерот на Барселона сметал дека тоа е премногу и одбивал да плати.

Според информациите на медиумите, се стигнало до таму што морала да интевенира и полицијата.

Мунир, сепак после интервенцијата од надлежните органи се согласил да ја плати споменатата сума.

Овој фудбалер по потекло од Мароко е производ на „Ла Масија“, запиша 26 настапи за Барселона во Примера, а минатите две сезоини ги помина на позајмица во Валенсија и Алавес.

Минатата сезона за екипата од Виторија постигна 14 погодоци, па ова лето се врати на „Камп Ноу“ каде што Валверде е спремен да му даде шанса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…