Еквадорскиот напаѓач Енер Валенсија, кој постигна гол против Холандија (1:1), се надева дека следниот вторник ќе може да го игра одлучувачкиот натпревар од групата А против Сенегал.
Валенсија ги постигна трите гола за Еквадор во Катар, тој и стрелец на последните шест гола кои ги постигнала оваа репрезентација на Мундијалите. Валенсија мечот против Холандија го играл со болки
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Малку ме боли денеска (вчера), играв и покрај болките, се надевам дека до натпреварот против Сенегал ќе бидам подобро“, изјави напаѓачот на Фенер по натпреварот.
Валенсија додаде дека најважно за него е да може да му помогне на тимот. По две кола, Холандија и Еквадор во групата А имаат по четири бода, Сенегал има три, а Катар нема бодови и е елиминиран од натпреварувањето.