Дома Македонски спорт Фудбалерките ги дознаа противниците во битката за пласман на Европското првенство

Фудбалерките ги дознаа противниците во битката за пласман на Европското првенство

Денеска Европската фудбалска федерација УЕФА ја одржа ждрепката за квалификациската фаза за следното Европско првенство во женска конкуренција кое ќе се одржи во Швајцарија во 2025 година.

Првпат патничките на Европското првенство ќе се избираат преку лигашки модел,односно преку Лигата на Нации. Селекциите ќе бидат поделени во три дела: Лига А, Лига Б и Лига Ц.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Лига А каде што се најсилните селекции место ќе добијат по два првопласирани од четирите групи. Кога во прашање се Лига Б и Ц каде што е Македонија патот е потежок бидејќи ќе има и плеј-оф дуели.

ГРУПИ ВО ЛИГА Ц:

Група Ц1: Белорусија, Литванија, Кипар, Грузија

Група Ц2: Словенија, Летонија, Македонија, Молдавија

Група Ц3: Грција, Црна Гора, Андора, Фарски Острови

Група Ц4: Романија, Бугарија, Казахстан, Ерменија

Група Ц5: Албанија, Естонија, Луксембург

Почетокот на квалификациите е на 1. април кога во осум дена ќе се одиграат две рунди. Потоа се игра во јуни и јули, плеј-оф натпреварите се планирани за октомври и ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…