Во вторник завршува првото коло на Светското Првенство со натпреварите од последната група Х. Во истиот ден и стартува второто коло со еден меч од групата А. Овие две групи ги анализираат и типуваат за Вас, Филип Гачевски и Панче Ќумбев кои беа доста успешни по првите натпревари.
ГРУПА Х (Филип Гачевски)
Колумбија – Јапонија – 1 @ 1.70 во Coinbet24
Дуел на две различни репрезентации со различен пристап на фудбалската игра. Сепак според мене блага предност има Колумбија која игра многу допадлив фудбал. Би потенцирал дека Колумбија може да биде едно од изненадувањата на ова светско првенство. Јапонија е репрезентација слична на Јужна Кореја која физички и тактички е доста подготвена. Меѓутоа имаа доста слаби натпревари во подготвителниот период и не верувам дека имаат сили за нешто повеќе од самото учество на ова Светско првенство. Мој тип е победа на Колумбија.
Полска – Сенегал – ГГ @ 2.10 во Coinbet24
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Можеби натпревар со многу непознаници, но верувам дека ова е дуел кој многу ќе реши за понатамошниот тек на работите во оваа група. Полјаците се искусна репрезентација која има одлични поединци во своите редови, но на другата страна е Африканска репрезентација која се враќа на големата сцена после 16 години и сигурен сум дека имаат многу да покажат на ова светско првенство. Дуел во кој ќе има голови на двете страни.
ГРУПА А (Панче Ќумбев)
Русија – Египет – ГГ @ 2.25 во Coinbet24
На овој натпревар очекувам голови и на двете страни. Играм ГГ затоа што мислам дека Русија сигурно ќе постигне гол. Знаеме дека во моментов Русија е во поголема предност. Особено по првиот натпревар каде постигнаа пет гола. Но видовме и дека Египет не е лоша репрезентација, особено што сега од првата минута ќе настапи и Салах.