Дома Фудбал Италија Фудбалерите на Интер од денеска можат да ги напуштат своите домови

Фудбалерите на Интер од денеска можат да ги напуштат своите домови

Италија и натаму се наоѓа во целосен хаос поради епидемијата коронавирус. Самоизолацијата е задолжителна за сите кои немаат потреба да ги напуштат своите домови, некои мораа и во целосен карантин, па така и фудбалерите.

Имено, фудбалските натпреварувања во Италија се прекинати, а набрзо после тоа беа издадени наредби за целосна самоизолација.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчите на Интер немале симптоми на новиот вирус Ковид 19 во текот на претходните 14 дена и од денеска можат да ги напуштат своите домови.

Да потсетиме, целата екипа на Интер беше во изолација претходните 14 дена, односно после поразот во дербито против Јувентус, натпревар кој беше одигран без публика.

Calciomercato.com пренесува дека никој од играчите на Интер во текот на претходните 14 дена немал симптоми на коронавирус и од денесна можат да ги напуштат своите домови, односно да ги извршуваат своите основни обврски надвор од домот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…