Челзи вчера изгуби во Супер купот против Ливерпул, „сините“ беа поразени после изведувањето на пенали. Овој пораз и дефинитивно го направи Лампард најмалерозниот човек во историјата на Супер купот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ако погледнеме наназад ќе видиме дека во историјата на Супер купот победникот после пенал рулетот бил решаван само два пати и во тие два пати поразен бил Лампард. Прв пат тоа му се случи во 2013 година од Баерн (5:4) и оваа година како тренер со истиот резултат. Третиот пораз на Лампард во Супер купот е оној против Атлетико во 2012 година.
Инаку, Челзи во својата историја има еден трофеј во европскиот Супер куп и тоа од 1998 година кога го победија Реал Мадрид со 1:0.