ПСЖ повторно се најде во проблеми, ако им се верува на француските медиуми, а главната причина е кој друг, ако не Нејмар.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, тој наводно одлучил да побегне во Бразил поради пандемијата со коронавирусот која зема голем замав во Париз.
Како што пренесуваат француските медиуми, тој одлучил да побегне во Бразил со приватен авион, бидејќи таму вирусот е на многу пониско ниво.
Исто така, уште неколку Бразилци бараат да им се дозволи да заминат во својата земја, со оглед дека таму има малку заразени.
Кога станува збор за Нејмар, проблемот е што на никој не се јавил, туку самоиницијативно одлучил да го напушти Париз и да замине во Бразил.