Дома Фудбал Останато Француската легенда: Мбапе станува себично момче

Француската легенда: Мбапе станува себично момче

Килијан Мбапе беше фантастичен во натпреварот од Лигата на шампионите и победата на ПСЖ против Клуб Бриж со 0:5.

Овој натпревар Мбапе го почна од клупата, а после натпреварот даде изјава во која отворено кажа дека му пречи тоа што Томас Тухел го изоставил од првиот тим.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Вистина е дека сакав да започнам од првата минута, очекував такво нешто. Сепак тренерот направи негов избор и морав тоа да го прифатам. Меѓутоа сакав да покажам дека на ПСЖ му е тешко без мене. Ќе се борам да го задржам своето место во тимот“, гласеше изјавата на Мбапе.

После оваа негова изјава се огласи легендата на францускиот фудбал, Кристоф Дугари.

Човекот кој е познат по тоа што секогаш го кажува она што го мисли смета дека Мбапе се претвора во себично момче кое мисли само на себе и на тој начин станува како Нејмар.

„Можеби ќе бидам малку груб, но сметам дека Мбапе станува како Нејмар. Тоа го забележав гледајќи од страна“, изјави Дугари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …