Легендата на францускиот фудбал и поранешен играч на Барселона, Кристоф Дугари кој во период од 1997 до 1998 година го носеше дресот на Барселона испрати критики на сметка на каталонскиот гигант.
Дугари беше дел од селекцијата на Франција која стана светски шампион на домашен терен во 1998 година. Тој реагираше после вчерашната елиминација на Барселона од Купот на Шпанија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Имиџот на Барселона во овој момент е многу лош. Се добива впечаток како клубот констатно да оди наназад. Изгледа како да не постои никакво систем, тоа сега е клуб на кловнови. Единствен приоритет според мене е реизбор на претседател. Се потрошија многу пари, а не се пронајде играч кој биде барем блиску до Чави или Иниеста. Очигледно е дека има проблем и ситуацијата не е добра. Оваа управа нема квалитет и моќ да води тим каков што е Барселона“, смета Дугари.