Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Французите ќе се жалат до ФИФА за провокациите од Аргентинците

Французите ќе се жалат до ФИФА за провокациите од Аргентинците

Aргентинците бурно ја славеа титулата светски шампион, а еден од оние кои најмногу се истакнуваше прославата беше голманот Емилијано Мартинез.

Мартинез започна до провоцира уште на стадионот „Лусаил“ каде што наградата за најдобар голман ја стави во меѓуножјето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Подоцна бараше минута молк за Мбапе, носеше кукла со ликот на напаѓачот…На прославата од навивачите можеше да се забележи и ковчег со слика од Мбапе.

Французите се разочарани од таквата прослава и сметаат дека сето тоа е премногу.

„Реагирав до аргентинската федерација затоа што сметам дека тоа однесување не е нормално. Никако не можам да разберам. Дефинитивно се отиде предалеку. Мбапе е еден пример за младите луѓе“, изјави првиот човек на француската федерација, Ноел Ле Гре.

Се огласи и францускиот министер Бруно Ла Мер.

„Ќе реагира ли ФИФА? Фер-плејот треба да биде најважен во спортот“, изјави министерот Ла Мер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…