Според информациите на „Л’Eкип“ ПСЖ донел одлука да не го продолжи договорот со Лионел Меси.
ПСЖ веќе го суспендираше Меси на две недели откако Аргентинецот без најава отпатува за Саудиска Арабија да ја исполни својата обврска од договорот со оваа земја за промоција на државата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меси е промотор на Саудиска Арабија и за таа улога добива огромни пари. Меѓутоа во ПСЖ ги налути затоа што отпатува ненајевено и тоа само неколку часа по поразот од Лориент. Поради тоа Меси две недели нема да игра натпревари, а ќе му биде скратена и платата за тој период.
Како што стојат работите се поблиску сме да видиме заминување на Меси како слободен играч, а во овој момент како најреална опција се најавува враќање во Барселона која сепак треба да ја реши финансиката ситуација.