Дома Фудбал Останато Французите со видео анализа објаснија зошто Модриќ е најдобар во светот (ВИДЕО)

Французите со видео анализа објаснија зошто Модриќ е најдобар во светот (ВИДЕО)

modric

Mногу полемика во светот на фудбалот предизвика доделената „Златна топка“ на Лука Модриќ.

Голем број навивачи тврдат дека Модриќ е еден од најлошите освојувачи на „Златната топка“ во историјата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа францускиот „РМЦ Спорт“ објави видео анализа во која го скенира Модриќ и објаснува зошто Хрватот е најдобар иако не погодува и не асистира.

„Модриќ одлично ја чита играта. Пред да ја добие топката знае што ќе направи со неа. Секогаш е чекор понапред. Исто така тактички е одличен, дури и под притисок на противникот.

Тој е вториот најдобар дриблер во Реал оваа сезона. Одлично ја предава топката има широк спектар на додавања. Без оглед како ќе ја прими топката секогаш има решение“.

„Секогаш е достапен помеѓу линијата. На втрчува често во просторот, повеќе стои зад напаѓачите на работ на шеснаесетникот. Оваа сезона само 22 пати ја допрел топката во противничкиот шеснаесетник. Знае како да одигра под пресиг и скоро сам може во старт да го прекине нападот на противникот. Можете да му ја додадете топката во било која ситуација тој ќе ја сочува. Многу е интелигентен и ги прави соиграчите подобри“, објаснуваат Французите.

https://youtu.be/2uWceZAlvjQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…