Најквалитетните лиги во Европа постепено ги прифаќаат иновациите кои со себе ги носи современиот фудбал, па така од сезоната 2018/19 во четири од петте најсилни лиги на „Стариот континент“ ќе гледаме видео технологија.
По Серија А, Бундеслигата и Примера, популарниот ВАР пристигнува и во француската Лига1.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалскиот сојуз на Франција денес потврди дека од следната сезона видео технологијата ќе биде користена во Лига1, баш како што е случајот со шпанска Примера.
ВАР во Франција ќе биде користен во ситуации каде постојат дилеми околу постигнат погодок, директен црвен картон, замена помеѓу играчите и кај одлучување за најстрога казна.
По оваа денешна информација, останува да се види кога Англичаните ќе ја воведат во својот систем.