Дома Останати Ракомет Франција го декласираше Бахреин, Шпанија ја доби драмата со Шведска

Франција го декласираше Бахреин, Шпанија ја доби драмата со Шведска

Ракометните репрезентации на Франција и Шпанија се првите полуфиналисти на Олимписките игри во Токио.

Французите во четвртфиналето ја оправдаа улогата на фаворит и го декласираа Бахреин со 42:28. До победата Франција ја водеше Махе со девет гола. Торнат постигна пет, а интересот е што дури 12 ракометари на Франција се запишаа во листата на стрелци.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Кај Бахреин Ал-Авјад постигна пет гола.

Дербито го одиграа Шведска и Шпанија која после голема драма славеше со 33:34.

Шпоанците до полуфиналето ги водеше Гомез со осум гола, Ентрериос и Душебаев постигнаа по пет. Кај Шведска Ван беше најефикасен со десет гола.

Франција во полуфиналето ќе го чека подобриот од дуелот Германија – Египет, а Шпанија ќе оди на тој што ќе слави од Данска – Норвешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Сара Ристовска ја има вториот најубав гол во третото коло на ЕП (Видео)

Најдобрата македонска ракометарка Сара Ристовска вчера постигна шест погодоци во натпревар…