Дома Фудбал Фото: Роналдо го „испразни“ Сантиаго Бернабеу

Фото: Роналдо го „испразни“ Сантиаго Бернабеу

Тимот на Реал Мадрид оваа сезона игра пред загрижувачки мал број на публика на својот стадион, пишува весникот „АС“.

Синоќешниот натпревар против Рајо Ваљекано го следеле точно 55.229 луѓе, што е само 68% од капацитетот на стадионот. Тоа трет натпревар по ред со слаба посетеност, после натпреварите против Мелија (55.243) и ЦСКА Москва (51.636).


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во 12-те одиграни меча на Бернабеу само на седум имало над 60.000 публика, а над 70.000 луѓе имало само во еден случај, и тоа во градското дерби со Атлетико Мадрид.

Шпанските медиуми како глава причина за слабата посетеност ја гледаат заминувањето на мегаѕвездата Кристиано Роналдо, кој беше вистински идол на навивачите.

Отсуството на Португалецот се почувствува уште во првиот првенствен натпревар, кога посетеноста беше поразителна – 48.466 луѓе, што е негативен рекорд уште од мај 2009 година, кога Роналдо ираше за Манчестер Јунајтед.

Покрај отсуството на Роналдо на слабата посетеност сигурно влијаат и слабите резултати на тимот оваа сезона, како и недостатокот на нови големи имиња во составот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…