Дома Фудбал Италија ФОТО: Пред големото дерби на тренингот на Интер се појавија специјални гости

ФОТО: Пред големото дерби на тренингот на Интер се појавија специјални гости

Во недела на програмата во Серија А е големото дебри во Серија А помеѓу Интер и Милан.

Екипата на Интер во дербито против градскиот ривал влегува во добра форма, а во пресрет на натпреварот фудбалерите на тренингот имаа и посебни гости.

Дејан Станковиќ и Иван Заморано се појави во нивниот тренигн центар, а таму ги пречекаа две други легенди Хавиер Занети и голманот Франческо Толдо.

„Дојдов во кампот на Интер да ја поддржам екипата пред дербито. Имаме одличен тим одличен тренер и верувам дека ќе победиме. Интер е во налет, имаме големи амбиции и веруваме дека ќе ја продолжиме серијата победи“, изјави Станковиќ.

Популарното „Дерби дела Мадонина“ се игра во недела од 20:30 часот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ламин Јамал го сруши рекордот на Винисиус

Ламин Јамал го избра стадионот на Севилја за да додаде ново импресивно достигнување во нег…