Дома Фудбал Англија ФОТО: Потенцијални тимови за Ол-стар натпревар во Премиер лигата – Кој е посилен, северот или југот?

ФОТО: Потенцијални тимови за Ол-стар натпревар во Премиер лигата – Кој е посилен, северот или југот?

ol-star

Ромелу Лукаку денес на својот твитер профил излезе со интересна идеја – Ол-стар натпревар во Премиер лигата.

Белгиецот верува дека со неговиот предлог во кој би играле ѕвезди од северот и југот на Англија би допринесол за поголем сјај на Премиер лигата.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


По повод овој негов предлог новинарите на „Sportsmail“ составија тимови кои би можеле да се сретнат. Треба да се истакне и дека предлогот на Лукаку е за тимовите да гласаат на навивачите.

Интересно е што за Лукаку кој како што кажавме го даде овој предлог според „Sportsmail“ нема место.

Северот би настапил во формација 4-3-3.

Давид Де Геа, Вокер, Баили, Ван Дијк, Менди, Де Брујн, Фернандињо, Гундоган, Силва, Агуеро, Салах.

Клупа: Едерсон, Фирмино, Марез, Робертсон, Лапорт, Матиќ, Стерлинг

Југот од друга страна би играл во формација 4-2-3-1.

Куртоа, Азпиликуета, Алдервилд, Вертонген, Белерин, Канте, Дембеле, Азар, Озил, Ериксен, Кејн.

Клупа: Заха, Лорис, Обамејанг, Даф, Али, Бертранд, Докур.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…