Како и секој пат кога транфер периодот се наближува кон крајот, како и вчерашниот последен ден од зимскиот трансфер период донесе многу возводувања. Од минута во минута пристигнуваа вести за потенцијални трансфери од кои некој се реализираа, а некој и не.
„Transfermarkt“ забележи вкупно 606 официјално објавени трансфери, а нивната вкупна вредност беше нешто помала од 250 милиони евра. Четвртина од тој износ однесе трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг од Борусија во Арсенал, кој чинеше 63.75 милиони евра, но освен тоа имаше и уште многу интересни трансфери. Ние се потрдудивме од сите трансфери кои вчера се реализираа да составиме идеален тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најдобрите 11 се најсилни во нападот. Со Обамејанг во врвот се наоа Оливие Жиру кој се пресели од Арсенал во Челзи за 17 милиони евра. Во поставата има и две крила, а на тие позиции се Лукас Моура (ПСЖ – Тотенхем, 28.4 милиони) и Андре Ају (Вест Хем – Свонси, 22.8 милиони).
Двојката во центарот ја окупираа Ндије (Галатасарај – Сток, 16 милиони) и Рафик Гуитан (Ле Хавр-Рен 10 милиони). Зад нив се, од десно на лево, Пол Лирола (Јувентус – Сасуоло, 7 милиони), Хектор Морено (Рома – Реал Сосиедад, 6 милиони), Себастиан Лангкамп (Херта – Вердер, 2.5 милиони) и Лумор (Портимоненсе – Спортинг, 2.5 милиони). На голот е 19-годишниот Далберг, кој за 3.9 милиони се пресели од Гетеборг во Вотфорд.