Дома Фудбал Лига на шампиони ФОТО НА ВЕЧЕРТА: Фергусон среќен како некогаш!

ФОТО НА ВЕЧЕРТА: Фергусон среќен како некогаш!

Тимот на Манчестер Јунајтед вчера приреди вистинска сензација елиминирајќи го од Лигата на шампионите ПСЖ во Париз.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Црвените ѓаволи беа поразени во првиот натпревар на „Олд Трафорд“, а вчера без 10 фудбалери (повреди или суспендирани) со „крпен“ тим успеаа да направат чудо и да го елиминираат фаворитот.

Избраниците на Солскјер до триумфот кој ги одведе во четвртфиналето стигнаа со голот од пенал во 94-тата минута. Тогаш главниот судија Дамир Скомина после консултацијата со ВАР досуди најсторга казна.

Секако овој натпревар на Манчестер Јунајтед не можеше да помине без легендарниот Сер Алекс Фергусон. Ферги беше на трибините во Париз, а после триумфот фоторепотерите успеаа да направат една фантастична фотографија.

Ферги е среќен како некогаш!

ferguson

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сто милиони евра нема да и бидат доволни на Барса за Хулиан Алварес

Барселона може да ги насочи своите напори кон ангажирање на напаѓачот на Челси Жоао Педро,…