Пред реваншот во Купот на Кралевите против Еспањол, еден од најдобрите фудбалери во светот, Лионел Меси ги поздрави трансферите на своите поранешни соиграчи.
Хавиер Маскерано, Арда Туран и Рафиња повеќе не се членови на Барса и Меси пред новата победа против Еспањол напиша една приличо топла порака на социјалните мрежи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Арда, со среќа да ти е новиот предизвик во татковината. Сигурен сум дека ќе бидеш одличен. Рафиња, ти посакувам многу успех во Италија, ќе те следам. А ти, Маскерано, по толку натпревари и заеднички моменти, зборовите се непотребни. Ќе ми недостасуваш когаш ќе одам во соблекувалната. Но, наскоро ќе се видиме во репрезентацијата. Голема прегратка за сите тројца, ви посакувам се најдобро“, напиша Меси.
Меси уште еднаш ја покажа својата добра страна, дека е човек кој памети и кој ги цени играчите со кого настапувал или се уште настапува.