Дома Топ вести ФОТО: Малдини на Ибица на состанок со ѕвездата на Реал Мадрид!

ФОТО: Малдини на Ибица на состанок со ѕвездата на Реал Мадрид!

Неодамнешниот состанок на Паоло Малдини и Звонимир Бобан во Мадрид со управата на Реал Мадрид е главна тема во италијанските медиуми веќе неколку дена.

Медиумите на Апенините лецитираа со неколку фудбалери на Реал за кои е заинтересиран Милан, а првото име е Дани Себаљос.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Покрај Себаљос, „росонерите“ се заинтересирани и за уште неколку фудбалери на Реал, кои се на излезна врата, а меѓу нив и Тео Хернандес.

Шпанскиот медиум „Ел Чирингуито“ денес објави ексклузивни фотографии на кои се гледа како Малдини и Хернандес имаат состанок на Ибица.

Тео Хернандес е на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу“, окако клубот го доенсе Менди како засилување за левата бековска позиција.

„Росонерите“ сакаат да ја искористат таквата ситуација и да го донесат Хернандес на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…