Дома Останати Кошарка ФОТО: Леброн прв пат се појави во дресот на Лејкерс

ФОТО: Леброн прв пат се појави во дресот на Лејкерс

Играчите на сите тимови требаше да дојдат во официјалните простории на НБА лигата во Њујорк на официјалното фотографирање пред претстојната сезона на најсилната кошаркарска лига во светот.

Ова беше единствената прилика во дресот на Лос Анџелес Лејкерс за прв пат да го видиме и трикратниот освојувач на НБА прстен и вистинската легенда на НБА лигата – Леброн Џејмс.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џејмс за доаѓањето во „градот на ангелите“ се одлучи по четиригодишната епизода во неговиот матичен тим Кливленд, со кого пред две години ја освои титулата шампион, а во меѓувреме го носеше и дресот на Мајами со кого два пати беше шампион на НБА лигата.

Џејмс со Лејкерси потпиша четиригодишен договор вреден вртоглави 154 милиони долари, а нема сомнеж дека пред „Кралот“ и соиграчите ќе биде тешка задача да изборат барем плеј-оф во многу тешката конкуренција на Западот.

 

 

View this post on Instagram

 

@kingjames gets his first @lakers portraits taken by @adbphotoinc! #NBAMediaDay

A post shared by NBA (@nba) on

 

View this post on Instagram

 

#2️⃣3️⃣ LeBron James Los Angeles Lakers

A post shared by Los Angeles Lakers (@lakers) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шок за Далас: Дончиќ се повредил?!

Лука Дончиќ би можел да го пропушти следниот меч меѓу Далас и Оклахома, како што пренесува…