Дома Фудбал Останато Фото: Дали Реал има „посебен“ третман или УЕФА секогаш ги штити големите?

Фото: Дали Реал има „посебен“ третман или УЕФА секогаш ги штити големите?

real

Вчерашниот натпревар и контроверзниот пенал досуден во корист на Реал Мадрид го поделија фудбалскиот свет.

Одредени светски и регионални медиуми по овој натпревар го поставија прашањето дали само шампионот на Шпанија е заштитен од страна на УЕФА.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Оние кои сметаат дека тоа е така понудија и материјал со кој се обидуваат да докажат дека „кралевите“ имаат посебен третман кај органите на Европската куќа на фудбалот. На интернет се појави фотографија од монтажа на спорните ситуации од натпреварите на Реал во походите кон европската титула.

Некој се сетил на спорната стиуација на Предраг Мијатовиќ токму против Јувентус во финалето од Лигата на шампионите во 1998 година во Амстердам. Многумина сметаат дека голот е постигнат од офсајд, иако Мијатовиќ тоа повеќе пати го демантираше, убедувајќи дека Џанлука Песотo бил во линија, што не се гледа на снимката.

Сомнителни ситуации с=има и од минатите сезони. На пример, во финалето во 2014 во Лисабон Серхио Рамос со погодок во судиското продолжение го однесе натпреварот во продолженија, но на голот на Рамос му претходеше удар на Герет Бејл во лицето на Хуанфран.

Рамос кој беше актер во и во финалето 2016 година против истиот ривал во Милано постигна гол од офсајд, за минатата година во походот кон одбраната на трофејот да биде елиминиран Баерн балгодарение на двата гола од офсајд.

Оние кои сметаат дека не е само Реал заштитен, наведуваат дека на Јувентус му се „прогледува низ прсти во Серија А“, дека Барселона исто така има помош во Европа, како и дека Борусија Дортмунд со судиска помош во 2014 година ја елиминирала Малага…

Или Реал има посебен третман, бидејќи е Реал или УЕФА секогаш им помага на големите, прашање на кое секој има свој одговор….

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Казнет навивачот кој го бакна Роналдо

Репрезентацијата на Португалија го загуби пријателскиот натпревар против Словенија, а на о…