Дома Фудбал ФОТО Дали е ова најдобрата партија на голман во историјата на ЕП?

ФОТО Дали е ова најдобрата партија на голман во историјата на ЕП?

Португалија ја совлада Словенија на пенали и се пласираше во четвртфиналето на ЕП. Регуларниот дел од натпреварот заврши со резултат 0:0, како и дополнителните половина час игра. Во продолженијата најпрвин Кристијано Роналдо промаши пенал, а потоа на другата страна Бенјамин Шешко промаши чиста ситуација 1 на 1.

На него блескаво реагираше португалскиот голман Диого Коста. Тој потоа во пенал серијата ги одбрани сите три удари на Словенците.

На тој начин собори два рекорди – стана првиот во историјата на ЕП кој одбранил 3 пенали во серија и првиот во историјата на ЕП што не примил гол по изведување на пенали. Португалија во четвртфиналето ќе игра против Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кубарси е „Златното момче“ за 2026: Дефанзивец повторно на тронот по осум години

Стоперот на Барселона го наследи Дезире Дуе и стана првиот дефанзивец по Де Лихт со наград…