Фудбалерите на Бреша синоќа беа поразени на свој терен од Интер (1:2) во натпревар од 10. коло од италијанската Серија А.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Интер во одличен натпревар успеаа да дојде до три бода, иако Бреша имаше неколку големи шанси за на крајот да избори нерешен резултат, но не успеаа во тоа.
Во центарот на вниманието по овој натпревар се најде напаѓачот на Бреша, Балотели кој своите почетоци во фудбалот ги имаше токму во дресот на Интер. Но, тој им заби нож во грбот на навивачтие на овој клуб кога потпиша за Милан.
Изгледа дека навивачите не го заборавија тоа и синоќа му дофрлаа, но Балотели не остана должен. Супер Марио им покажа среден прст што не го пропуштија фотографите кои беа зад голот.
