Дома Фудбал Германија ФОТО: Баерн во четврток ја претставува својата нова машина!

ФОТО: Баерн во четврток ја претставува својата нова машина!

Баварскиот гигант, Баерн Минхен во четврток најави претставување на својата нова машина.

Сепак, овој пат не станува збор за ново засилување и „машина за голови“, туку буквално за машина. Имено, Баерн ќе го претстави ултрамодерниот клупски автобус. Ова за Баварците е голем настан со оглед на тоа што ќе го претстави долгогодишниот партнер, компанијата „MAN“, која ќе му ги даде клучевите од новиот автобус на претседателот на Баерн, Румениге.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Сите детали околу свеченото претставување на новиот автобус на Баерн ќе бидат објавени на официјалната страница, а од 17 до 19 часот во Минхен ќе има богата забавна програма на која ќе присуствуваат и многубројни легенди на Баерн.

Сите навивачи на Баерн кои ќе дојдат на претставувањето на новиот клупски автобус со истиот ќе можат да се сликаат и дома да однесат различни сувенири со логото на нивниот омилен клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Де Зерби може да седне на клупата на „Олд Трафорд“

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…