Aмериканските медиуми објавија фотографија која настанала неколку моменти по падот на хеликоптерот во кој животот го загуби Коби Брајант заедно со уште осум лица, вклучувајќи ја и неговата 13 годишна ќерка Џана.
Сликата навистина изгледа страшно, пламен има насекаде и невозможно е некој да преживее нешто. Фотографијата ја направил велосипедист само неколку минути по несреќата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Велосипедистот прв стигнал до местото на несреќата, бидејќи се нашол во близина возејќи по вообичаената рута. Падот на хеликоптерот бил во 09:45, а фотографиите биле направени четири минути подоцна, пишува „ТМЗ“.
Според информациите постојат уште неколку фотографии, но полицијата ги чува во тајност додека не се расчистат причините за несреќата.