Дома Фудбал Англија Фотографија која ќе ги растажи фановите на Ливерпул ?

Фотографија која ќе ги растажи фановите на Ливерпул ?

Ливерпул синоќа во градското дерби против Евертон одигра 2-2, но многу потешко на „црвените“ им падна фактот што за долго време ќе го загубат дефанзивецот Вирџил ван Дајк.

Еден од најдобрите дефанзивци во светот заработи тешка повреда по судирот со голманот на Евертон, Џордан Пикфорд во раната фаза на натпреварот.

Иако не изгледаше како сериозна повреда, сепак се шпекулира дека Ван Дајк ќе паузира седум-осум месеци, а се чека официјална потврда од клубот.

Во меѓувреме дефанзивецот беше фотографиран како на патерици ја напушта болницата во Ливерпул, фотографија која ја потврдува сериозноста на повредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато е кој ќе ја носи десетката на Меси во Аргентина

По пензионирањето на Лионел Меси од аргентинската репрезентација, прашањето што многумина …