Група навивачи на Ливерпул, која наводно мирно вечерала во центарот на Киев пред саботното финале во Лигата на шампионите против Реал била нападната од 20 маскирани хулигани.
„Мирно седевме и јадевме. Тие се појавија во секунда, вперија со прст кон нас и потоа настана хаос. Почнаа да фрлаат со чаши и разни предмети кон нас, ние некако успевавме да се скриеме позади масите и столовите. Не сакавме никакви нереди, бевме најнормални навивачи од кои некои постари и од 50 години. Беше ужасно“, изјавил еден од навивачите за „Ливерпул Ехо“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според информациите полицијата уапсила двајца од напаѓачите, а неколку Англичани поминале со полесни повреди.
A group of Liverpool fans have been attacked by Ukrainian hooligans outside a restaurant in Kiev last night pic.twitter.com/zKl8z5bXJx
— When Sunday Comes (@WSCsupporters) May 25, 2018